Либанските вооружени сили во понеделникот се распоредија во уште неколку села во јужен Либан, веднаш по најавата дека прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах, кој истече во неделата, ќе биде продолжен до 18 февруари.

Либанските сили делумно се вратија во градовите Маис ал-Џабал и Хулу, кои се наоѓаат долж јужната граница со соседен Израел. Колони од автомобили и луѓе со жолти знамиња на Хезболах се видени како чекаат на влезот во западниот сектор на јужен Либан за да влезат во нивните села, придружувани од либанската армија.

„Пресреќни сме што можеме да влеземе во нашите села и покрај големото уништување“, изјавил еден повратник за германската новинска агенција dpa. „Мојот син е убиен овде. Сакам да видам дали е закопан прописно“, рекол друг маж.

Голем дел од населението на јужен Либан го поддржува Хезболах или неговото сојузничко движење Амал.

Според Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA), десетици илјади жители се вратиле на југот и во другите области на Либан по прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах во ноември. Но, многу градови во близина на границата сѐ уште се напуштени поради постојаното присуство на израелските сили.

Според договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах, либанската армија е одговорна за безбедноста на јужниот дел на земјата. Хезболах, пак, мора да се повлече северно од реката Литани, на околу триесет километри од јужната граница.

Белата куќа во неделата објави дека договорот за прекин на огнот е продолжен до 18 февруари. Тензиите повторно се зголемија откако во неделата истече рокот за повлекување на израелските војници од Либан како дел од договорот.

Портпаролот на израелската војска Авихај Адраи на платформата Х објави дека на израелските сили им треба повеќе време за да се осигураат дека „Хезболах нема да може повторно да го воспостави своето воено присуство“.

Во неделата 24 лица беа убиени а 134 беа повредени откако израелската војска отвори оган врз Либанците кои се обидуваа да се вратат во своите домови.а да пука додека луѓето се враќале во областите каде што сè уште има израелски војници.

Војската соопшти дека нејзините сили прво испукале предупредувачки истрели за „да ги елиминираат заканите во голем број области каде што биле идентификувани осомничените кои им се приближуваат на силите“.

globe

Слични новости

Отворена кривична истрага против сопругата на Бенјамин Нетанјаху

Отворена кривична истрага против сопругата на Бенјамин Нетанјаху

Отворена е кривична истрага против Сара Нетанјаху, сопругата на израелскиот премиер, објави во неделата израелското државно обвинителство како одговор на опозицискиот пратеник кој побара кривично гонење против сопругата на Бенјамин Нетанјаху

Американските демократи избраа нов лидер

Американските демократи избраа нов лидер

Настојувајќи да ја обнови партијата по поразот на изборите од Доналд Трамп во ноември, Демократскиот национален комитет (DNC) во саботата го избра Кен Марин, лидерот на партијата во Минесота, за нов претседател