Иако со многу проблеми, Лос Анџелес Лејкерс дојде до осмата победа во низа откако утринава на домашен терен ги победија Њујорк Никс со 113:109 по продолжение.
Изгледаше дека серијата на тимот од Калифорнија кога во третата четвртина гостите поведоа со 13 поени разлика, а во последната имаа +10. Лејкерс, сепак, го свртеа резултатот во своја корист и беа многу блиску до победа уште во основниот дел од мечот бидејќи поведоа со 99-96. Се појави Брансон кој погоди под фаул и го одведе мечот во продолжение каде исто така се водеше голема борба, но Лејкерс во финишот беа подобри од линијата за слободни фрлања и дојдоа до осмата победа по ред.

Во клучните моменти се повреди најдобриот играч на Њујорк, Џејлен Брансон кој мораше да замине во соблекувална, а без него, Никс не успеаја повторно да се вратат во игра.
Брансон го заврши натпреварот со 39 поени и 10 асистенции, но Лејкерс ги имаше Лука Дончиќ и Леброн Џејмс кои го „поништија“ неговиот ефект. Првиот постигна 32 поена, 12 скока и 7 асистенции, а вториот имаше 31 поен, 12 скока и 8 додавања. Пред Лејкерс е исклучително тежок тест, против актуелниот шампион Бостон на негов терен и тоа ќе биде мошне важен меч во борбата за второто место на Западот.
РЕЗУЛТАТИ
Орландо – Чикаго 123-125
Атланта – Индијана 124-118
Бостон – Филаделфија 123-105
Бруклин – Голден Стејт 119-121
Њу Орлеанс – Хјустон 97-109
ЛА Лејкерс – Њујорк 113-109
Слични новости
Најтежок домашен пораз на Јуве по шест децении
Аталанта му го нанесе најтешкиот пораз на Јувентус на домашен терен во последните 60 години. Во дербито од 28. коло на италијанското фудбалско првенство, Аталанта го понижи Јувентус со 4:0 во Торино, остварувајќи ја првата победа на последните девет меѓусебни средби
Реал Мадрид со победа скока на второто место
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Рајо Ваљекано со 2:1 на домашен терен во 27. коло од шпанското првенство и се искачија на второто место на табелата
Кастелс се откажа од белгиската репрезентација во знак на протест
Белгискиот голман 32-годишниот Коен Кастелс ја напушти репрезентацијата во знак на протест поради претстојното враќање во тимот на неговиот сонародник и врсник Тибо Куртоа