Лос Анџелес Лејкерс претрпеа тежок пораз на домашен терен од Милвоки Бакс со 89:118, но тој резултат не треба да чуди ако се земе предвид дека Лејкерс играа без Леброн Џејмс поради повреда на препоните и Лука Дончиќ поради повреда на левиот зглоб. Со оглед на тоа што отсуствуваа и Остин Ривс, ниту Руи Хачимура, најдобри играчи за домашниот тим беа дебитантите Далтон Нехт и Брони Џејмс со по 17 коша. За синот на Леброн Џејмс ова беше 22-ри НБА натпревар во кариерата и негов прв двоцифрен учинок. Кај Бакс, кои на овој меч му пристапија максимално професионално, најдобри играчи беа Јанис Адетокумбо со 28 и Гери Трент со 23 поени.
Со скор од 39-30, Бакс моментално се петти на Истокот, додека Лејкерс се четврти на Западот со скор од 43-26.

Голден Стејт Вориорс го зацврстија своето шесто место во Западната конференција на НБА лигата, последниот носител што директно води во плејофот, со победата на домашен терен против Торонто Репторс со 117:114, но можеби извесно време ќе останат без својот најдобар играч Стивен Кари поради повреда.
Имено, на три ипол минути до крајот на третата четвртина, Кари незгодно падна на подот откако продре под противничкиот обрач и со медицинска придружба замина во соблекувалната. Вориорс објавија дека се работи за „контузија на карлицата“, но сѐ уште не е познато колку е сериозна повредата.
Ова се случи при водство на Торонто со 88:83, а Кари пред повредата постигна 17 поени. Сепак и без него домашните успеаја да победат во последната четвртина, пред сѐ, благодарение на другите двајца ветерани Џими Батлер кој оствари „трипл-дабл“ со 16 поени, 12 асистенции и 11 скока и Дрејмонд Грин кој имаше 21 поен, 7 скока и 5 асистенции. Репторс ги предводеа Скоти Барнс со 29 и Имануел Квикли со 21 кош.
Голден Стејт се шести на Западот со скор од 41-29 победи-порази, две победи повеќе и еден пораз помалку од седмопласираните Лос Анџелес Клиперс, додека Торонто е 11-ти на Истокот со 24-46, пет победи помалку од десеттопласираните Мајами Хит, кои го држат последното место и води во плејинот.

Слични новости
Хамилтон ја доби првата стартна позиција за спринтерската трка во Шангај
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон од тимот на Ферари ќе стартува од пол-позицијата во спринтерската трка за Големата награда на Кина
Винисиус во судиското продолжение го приближи Бразил до СП
Бразил стигна до победа во драматичната завршница со голот на Винисиус во деветтата минута од судиското надополнување
Евролига: Олимпијакос изненаден од Црвена ѕвезда
Кошаркарите на Црвена ѕвезда ја остварија и втората победа сезонава над лидерот во Евролигата, совладувајќи го на негов паркет Олимпијакос со 81:73