Лејкерси продолжуваат со победите и покрај тоа што од тимот замина Ентони Дејвис, а новата аквизија Лука Дончиќ е сеуште повреден. Лејкерси утринава го победија тимот на Голден Стејт со 120:112 предводени од Леброн Џејмс кој постигна 42 коша, 17 скокови и 8 асистенции.
Кај Голден Стејт кој неодамна се засили со Џими Батлер, најефикасен беше Стеф Кари со 37 коша, и шест тројки од дури 20 обиди.

Во реприза на минатогодишното финале Далас го победи Бостон со 127:120. Најдобар поединец кај Далас беше Клеј Томсон со 25 коша, а Спенсер Динвиди постигна 22.
Кај Далас отсуствуваа голем број на играчи, вклучувајќи ја и новата аквизиција Ентони Дејвис.
Кај шампионот Бостон најефикасни беа Џејлен Браун со 25 поени, а Порингис и Тејтум постигнаа по 17. Далас е осми на западот, а Бостон се втори на истокот.
Слични новости
Барселона лесно со Осасуна, се одлепи од Реал
Во одложениот натпревар од 27 коло на шпанското фудбалско првенство Барселона на домашниот „Монжуик“ пред 42.000 гледачи ја победи Осасуна без многу напор со 3:0
АТП Мајами: 79. Мастерс полуфинале на Ѓоковиќ
Новак Ѓоковиќ (АТП – 5.) стигна до своето осмо полуфинале на Мајами опен со победата од 6:3, 7:6 (4) над Американецот Себастијан Корда (АТП – 25.)
Евролига: Баерн го оддалечи Партизан од доигрувањето
Кошаркарите на Партизан беа поразени од Баерн Минхен со 89:74 (21:23, 21:21, 23:19, 24:11) во 32. коло од Евролигата, со што шансите за пласман во баражот во Евролигата ги намалија на минимум