Лејкерси продолжуваат со победите и покрај тоа што од тимот замина Ентони Дејвис, а новата аквизија Лука Дончиќ е сеуште повреден. Лејкерси утринава го победија тимот на Голден Стејт со 120:112 предводени од Леброн Џејмс кој постигна 42 коша, 17 скокови и 8 асистенции.

Кај Голден Стејт кој неодамна се засили со Џими Батлер, најефикасен беше Стеф Кари со 37 коша, и шест тројки од дури 20 обиди.

Во реприза на минатогодишното финале Далас го победи Бостон со 127:120. Најдобар поединец кај Далас беше Клеј Томсон со 25 коша, а Спенсер Динвиди постигна 22.

Кај Далас отсуствуваа голем број на играчи, вклучувајќи ја и новата аквизиција Ентони Дејвис.

Кај шампионот Бостон најефикасни беа Џејлен Браун со 25 поени, а Порингис и Тејтум постигнаа по 17. Далас е осми на западот, а Бостон се втори на истокот. 

 

Слични новости

НБА: Повреда на Тејтум во победата на Селтикс, Нагетс и натаму немоќни без Јокиќ

НБА: Повреда на Тејтум во победата на Селтикс, Нагетс и натаму немоќни без Јокиќ

Бранителот на титулата Бостон Селтикс го зацврсти своето место на второто место на Истокот со победата на гости со 113:95 над Сакраменто Кингс, но навивачите на Селтикс веројатно се повеќе загрижени поради повредата на десниот зглоб на нивниот најдобар играч Џејсон Тејтум