Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс утринава на свој терен го победија Торонто со 131:125 во натпревар од НБА лигата и така ја забележаа петтата победа на стартот од новата сезона.
Лејјкерси ги предводеше словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ со 45 коша, 15 скокови и 6 асистенции.
Дончиќ кој на натпреварот постигна 8 тројки го зголеми своето водство во раната трка за најдобар стрелец на НБА лигата и во моментов има просек од 37,7 коша по натпревар, пред Ентони Едвардс од Минесота со 33,3 и Тајрис Макси од Филаделфија со 29,6 коша.
Слични новости
Фудбалерот на Манчестер јунајтед Бруно Фернандеш прогласен за најдобар играч на Премиер лигата
Фернандеш минатата сезона го собори рекордот на Премиер лигата со дури 21 асистенција, а постигна и девет гола, со што му помогна на јунајтед да го освои третото место и да се врати во Лигата на шампионите.
