Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс утринава на свој терен го победија Торонто со 131:125 во натпревар од НБА лигата и така ја забележаа петтата победа на стартот од новата сезона.

Лејјкерси ги предводеше словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ со 45 коша, 15 скокови и 6 асистенции.

Дончиќ кој на натпреварот постигна 8 тројки го зголеми своето водство во раната трка за најдобар стрелец на НБА лигата и во моментов има просек од 37,7 коша по натпревар, пред Ентони Едвардс од Минесота со 33,3 и Тајрис Макси од Филаделфија со 29,6 коша.

Слични новости

И Белгија ја повлече поддршката на Џани Инфантино

И Белгија ја повлече поддршката на Џани Инфантино

Инфантино најави дека идната година повторно ќе се кандидира за претседател на Фифа се до 2031-година. Од друга страна УЕФА го повика Инфантино да се повлече од функцијата и се закани дека ќе ги бојкотира натпреварувањата на ФИФА, вклучувајќи го и Светското првенство во фудбал.