Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа втората победа по ред без Леброн Џејмс, на домашен терен против тимот на Сан Антонио. Најефикасен играч кај Лејкерс беше Остин Ривс со 30 поени, додека Лука Дончиќ даде 21 кош и подели 14 асистенции.

Кај Сан Антонио најефикасен беше Стефон Касл со 23 коша. Со победата Лејкерс се искачија на четвртото место и ги поминаа Мемфис кои сега се петти.

Во битката за шестото место на западот кое води во плеј офот, Минесота загуби од Индијана 132:130 по продолженија. Во неизвесниот натпревар во кој имаше промена на водството дури 25 пати, клучниот кош за победа на крајот го постигна Оби Топин кој беше најефикасен во победничкиот тим со 34 коша.

Најефикасен поединец на натпреварот беше Ентони Едвардс од Минесота со 38 поени.

Минесота е седма на западот се еден пораз повеќе од шестопласираниот тим на Голден Стејт.

Слични новости

Денвер победи кај Голден Стејт без Јокиќ

Денвер победи кај Голден Стејт без Јокиќ

И покрај тоа што играа без двајцата најдобри играчи – Никола Јокиќ поради повреда на лактот и Џамал ​​Мареј поради повреда на скочниот зглоб, Денвер Нагетс на гостински терен ги совладаа Голден Стејт Вориорс со 114:105

Оклахома Сити го победи Милвоки во најинтересниот натпревар од НБА лигата

Оклахома Сити го победи Милвоки во најинтересниот натпревар од НБА лигата

Првопласираниот тим на Западот Оклахома Сити славеше на гостувањето во Милвоки со 121:105 во меч во кој директно играа еден против друг двајца кандидати за МВП титулата сезонава Шеи Гилџес Александар и Јанис Адетокумбо.