Кошаркарите на Лејкерс продолжуваат со низата победи окако утринава ги совладаа градските ривали Клиперс со 106:102. Најефикасен во победничкиот тим беше словенечката супер ѕвезда Лука Дончиќ кој постигна 31 кош, а Леброн Џејмс постигна 28 коша и 13 скокови.

Кај Клиперс надобар беше Ивица Зубац со 27 коша и 16 скока, Каваи Ленард постигна 21 поен, а Џејмс Харден 18.

Ова е петта победа во низа за Лејкерс кои се наоѓаат на четвртото место во западната конференција со скор од 37 победи 21 пораз. Денвер на втората позиција има скор од 39 победи и 21 пораз, а Мемфис на третата позиција има скор од 38 победи и 21 пораз.

Слични новости

Ливерпул – ПСЖ вечерва е најинтересната пресметка за влез во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Ливерпул – ПСЖ вечерва е најинтересната пресметка за влез во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот изјави дека неговиот тим вечерва треба да го изигра најдобриот натпревар во сезоната за Ливерпул да се најде во четвртфиналето на Лигата на шампионите