Далас ја прекина најлошата сероја порази на домашен терен против Лејкерс со победа од 134:128 благодарение на извонредната партија на „рукито“ Купер Флег. Новајлијата околу кој Далас ќе го гради тимот во иднина Купер Флег на Лејкерси им уфрли дури 45 коша со 9 асистенции и 8 скокови.

Кај Лејкерси во отсуство на Лука Дончиќ и Остин Ривс најдобар беше ветеранот Леброн Џејмс со 30 поени и 15 асистенции.

Со поразот Лејкерси го задржаа третото место на западот, но на 4 натпревари пред крајот на сезоната имаат ист скор од 50 победи и 28 порази како и четвртопласираниот Денвер, а ноќеска играат против шампионот Оклахома.

Слични новости

Јута Џез силно се засили во зимскиот преоден рок за три први пикови на драфтот

Јута со размената го доби високото крило Џарен Џексон -најголемата ѕвезда на Мемфис, заедно со Џон Кончар, Џок Лендејл и Винс Вилијамс, а во Мемфис заминуваат Волтер Клејтон, Кајл Андерсон, Тејлор Хедрикс и Џорџ Нијанг.