Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс денеска на свој терен го победија Вашингтон со 120:102 и таја ја постигнаа 12-тата победа во последните 13 натпревари.

Во отсуство на суспендираниот Лука Дончиќ, најдобар кај Лејкерси беше Леброн Џејмс со 21 поен, 12 асистенции и 10 скока. 

Ова беше 1.228 победа на Леброн во кариерата, со што го изедначи рекордот на Карим Абдул Џабар по бројот на победи во историјата на НБА.

Остин Ривс, Лук Кенард и Џексон Хјуз додадоа по 19 поени за победничкиот тим.

 

Слични новости

Неверојатни грешки на докторите на Реал Мадрид со Мбапе и Камавинга

Неверојатни грешки на докторите на Реал Мадрид со Мбапе и Камавинга

Лекарскиот тим на Реал Мадрид направил пропуст за време на прегледот, бидејќи извршил анализа на погрешното колено, а сега реномираниот Л’ Екип, пишува дека слична грешка се случила и кај Камавинга со неговата повреда на скочниот зглоб.