ЛА Лејкерс утринава комотно го победија тимот на Мајами Хит со 130:120, предводени од Лука Дончиќ кој постигна 29 коша, 11 скокови и 10 асистенции. Остин Ривс даде 26 коша со 11 асистенции, а Џејк Ла Равиа постигна 24 поени кај Лејкерс.

Кај Мајами кој настапи без Тајлер Хиро најефикасен беше Хаиме Хакез со 31 кош и 8 скокови, а Бам Адебајо постигна 17. Мајами Хит ниту еднаш не беше во водство за време на целиот натпревар. Лејкерс поведе 12:2 и двоцифрената разлика ја одржуваше до крајот на натпреварот.

Сан Антонио го забележа првиот пораз сезонава од Феникс 130:118, а особено потфрли првата ѕвезда на тимот Виктор Вембенјама кој постигна само 9 поени.

Слични новости

Турција: 29 играчи уапсени за обложување

Турција: 29 играчи уапсени за обложување

Турските власти наредија во петокот апсење на 46 лица, вклучувајќи 29 фудбалери, како дел од широката истрага за местење натпревари, соопштија обвинителите во Истанбул