ЛА Лејкерс утринава комотно го победија тимот на Мајами Хит со 130:120, предводени од Лука Дончиќ кој постигна 29 коша, 11 скокови и 10 асистенции. Остин Ривс даде 26 коша со 11 асистенции, а Џејк Ла Равиа постигна 24 поени кај Лејкерс.
Кај Мајами кој настапи без Тајлер Хиро најефикасен беше Хаиме Хакез со 31 кош и 8 скокови, а Бам Адебајо постигна 17. Мајами Хит ниту еднаш не беше во водство за време на целиот натпревар. Лејкерс поведе 12:2 и двоцифрената разлика ја одржуваше до крајот на натпреварот.
Сан Антонио го забележа првиот пораз сезонава од Феникс 130:118, а особено потфрли првата ѕвезда на тимот Виктор Вембенјама кој постигна само 9 поени.
Слични новости
Мбапе го постигна вториот најбрз „хет-трик“ во историјата на Лигата на шампионите
На напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, му беа потребни само шест минути и 42 секунди за да постигне три гола против Олимпијакос во Лигата на шампионите
Ливерпул посрамен на „Енфилд“, Арсенал го доби дербито со Баерн
Кризата на играчите на Ливерпул се продлабочи во средата вечерта, во петтото коло од Лигата на шампионите, холандскиот ПСВ Ајндховен победи со 4:1 на „Енфилд“
Евролига: Монако го победи Ефес со 36 коша разлика
Кошаркарите на Монако остварија исклучително убедлива домашна победа во 13-то коло од Евролигата, победувајќи го турскиот Анадолу Ефес со дури 102:66


