Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс утринава на гостински терен ја победија екипата на Милвоки со 123:112, со што ја забележаа својата седма последователна победа.

Најефикасен кај Лејкерси повторно беше Лука Дончиќ со 32 коша. Дончиќ е најефикасен стрелец во НБА лигата со просек од дури 38,6 поени по натпревар.

Кај Милвоки најефикасни беа Тајлер Хиро со 27 и Хаиме Хакес со 25 коша.

Лејкерси се први на западот и имаат најдобар скор во НБА лигата со 11 победи и 2 порази.

Слични новости

Едер Милитао се враќа во тимот на Реал Мадрид по повеќемесечна пауза поради повреда

Едер Милитао се враќа во тимот на Реал Мадрид по повеќемесечна пауза поради повреда

Милитао во последните години имаше две тешки повреди на предните вкрстени лигаменти на коленото, а во април му настрада и задната ложа, поради што мораше да оди на операција и на нова пауза од теренот.