Лејкерси немаа проблеми со Бруклин Нетс и убедливо ги совладаа 116:99, во битката за зачувување на третата позиција на Западната конференција.

Најефикасен кај Лејкерс беше првиот стрелец на НБА лигата Лука Дончиќ кој постигна 41 кош, но ја заработи и 16-тата техничка грешка, поради која нема да може да игра на следниот натпревар на Лејкерс против Вашингтон.

Дончиќ ја доби техничката грешка откако се скошка со Заир Вилијамс по што двајцата добија технички грешки.

Во тимот на Лејкерс одличен беше и Остин Ривс кој постига 26 коша, а Леброн Џејмс даде 14 коша со 8 асистенции.

За Лејкерси ова беше 11-та победа во последните 12 натпревари.

Слични новости

Џа Морант најверојатно ќе биде трејдуван во Мајами

Мајами Хит кој беше еден од најсериозните тимови за ангажирање на јанис Адетокумбо од Милвоки, се откажа од трката за грчкиот крилен центар и се насочи кон тоа да го доведе спектакуларниот плејмејкер на Мемфис Гризлис Џа Морант.