Лејкерси немаа проблеми со Бруклин Нетс и убедливо ги совладаа 116:99, во битката за зачувување на третата позиција на Западната конференција.

Најефикасен кај Лејкерс беше првиот стрелец на НБА лигата Лука Дончиќ кој постигна 41 кош, но ја заработи и 16-тата техничка грешка, поради која нема да може да игра на следниот натпревар на Лејкерс против Вашингтон.

Дончиќ ја доби техничката грешка откако се скошка со Заир Вилијамс по што двајцата добија технички грешки.

Во тимот на Лејкерс одличен беше и Остин Ривс кој постига 26 коша, а Леброн Џејмс даде 14 коша со 8 асистенции.

За Лејкерси ова беше 11-та победа во последните 12 натпревари.

Слични новости

Менаџерот на Брајтон Фабијан Хуцелер ги обвини Артета и Арсенал дека ја „убиваат фудбалската игра“

Менаџерот на Брајтон Фабијан Хуцелер ги обвини Артета и Арсенал дека ја „убиваат фудбалската игра“

По синоќешниот поразот од 0:1 против Арсенал, менаџерот на Брајтон Фабијан Хуцелер изјави дека никогаш нема да биде тренер од типот на Артета и на тој начин да се обиде да стигне до победата.