
Бруклин Нетс утринава славеа против Лејкерс со 111:108 во првиот меч на кој Лејкерс настапија без Леброн Џејмс по неговата повреда на левата препона. Лука Дончиќ постигна трипл дабл 22 коша, 12 асистенции и 12 скокови, но со слаб шут од игра 8 од 26. Истин Ривс шутираше само 3 од 14.
Кај Бруклин Нетс Ноа Клоуни даде 19, а Кам Џонсон и Кеон Џонсон по 18 кошеви за победата на Бруклин со која ја прекинаа серијата од седум порази во низа.
Лука Дончиќ имаше забелечка дека Бруклин играле многу агресивно во одбрана и дека не бил заштитен од судиите, а поради неговите протести му беше досудена и техничка лична грешка.
Ова е втор пораз на Лејкерс кои загубија и во Бостон во саботата, кога Леброн Џејмс се повреди во последната четвртина од мечот.
Слични новости
Нов деветти пораз на Манчестер сити овој пат од Нотингем Форест
Би Би Си објави дека за прв пат откако менаџер на тимот е Пеп Гвардиоала Манчестер сити може да не учествува во Лигата на шампионите
Историски трипл дабл на Јокиќ во победата на Денвер врз Феникс
МВП-то на НБА лигата Никола Јокиќ стана првиот играч во историјата на НБА што на еден натпревар постигнал најмалку 30 поени, 20 скокови и 20 асистенции.
Кадилак и официјално во Формула 1 од 2026.
Во петокот беше официјално објавено дека тимот на Кадилак ќе учествува на Светското првенство во Формула 1 од 2026 година