Латвискиот кошаркар Јанис Тима се самоубил во вторникот во хотел во центарот на Москва, објави Евролигата.
Тима играше во Русија во непрофесионална лига за тимот на Аликсон. Во својата кариера настапуваше за Рига, Лиепајас, Вентспилс, Зенит, Химки, Басконија, Олимпијакос, Дарушафака, Умакао и Обрадорио.
Во 2022 година настапуваше во Развојната лига на НБА. За репрезентацијата на Летонија одигра 56 натпревари.
Евролигата соопшти дека сите натпревари од 16. коло во Евролигата ќе започнат со минута молчење.
Телото на 32-годишниот Тима било пронајдено во влезот на петкатница во центарот на руската престолнина. До телото на Тима бил пронајден телефон со порака до неговата поранешна сопруга.
На 9. декември Тима официјално се разведе од сопругата, познатата пејачка Седокова. Пред ова, кошаркарот се обиде да ја зачува врската. Тие се венчаа во септември 2020 година. Овој брак беше трет за пејачката. Двојката немала заеднички деца.
Слични новости
НБА: Десетти „трипл-дабл“ на Јокиќ сезонава за тесна победа на Денвер
Никола Јокиќ го забележа десеттиот „трипл-дабл“ сезонава за Денвер Нагетс кои славеа тесна победа над Сакраменто Кингс со 130:129
Лукман избран за најдобар фудбалер од Африка
Нигериeцот Адемола Лукман е најдобриот африкански фудбалер во 2024 година
Бурнмаут и Вест Хем одиграа без победник
Фудбалерите на Бурнмаут и Вест Хем одиграа нерешено 1:1 во 16. коло од англиската Премиер лига