Четири нови песни на култната англиска пејачка Маријен Фејтфул, најпозната по хитот од 1960-ти „As Tears Go By“, која почина претходно оваа година, ќе бидат објавени ова лето, изјави нејзиниот син во петокот.
Фејтфул, една од најживописните фигури на таканаречениот „Swinging London“ од 60-те години на минатиот век, се соочуваше во одредени периодот со бездомништво, зависност и рак.
Како поранешна девојка на фронтменот на Rolling Stones, Мик Џегер, Фејтфул стана позната по нејзините испади во периодот на „сексот, дрогата и рокенролот“, но објави и 21 соло албум, заработи номинација за Греми и глумеше во филмови.
Фејтфул работеше на нови снимки во текот на изминатата година, инспирирани од нејзините први два албума од 1965 година, а требаше да бидат објавени минатиот месец, но тоа беше одложено поради нејзината смрт, објави издавачката куќа „Decca Records“.

„Маријен живееше за да создава и изведува музика, тоа беше нејзината движечка сила и никогаш не застана“, рече нејзиниот син Николас Данбар во изјавата за медиумите.
„До самиот крај се рауваше на ова издание коешто сега ја и слави нејзината исклучителна уметничка кариера“, се додава во објавата.
„Burning Moonlight“, една од новите песни што го дадоа насловот на „extended-play“-от (EP), е инспирирана од почетните стихови на „As Tears Go By“. Песната се појави во петокот, а дигиталниот EP ќе биде достапен од 6-ти јуни.
„Ова е убаво време за паметење… Тоа ми помага да се потсетам на сите работи што сум ги направила. Не можам да кажам дека сум особено носталгична личност, но уживам во овој период на размислување“, изјавила Фејтфул по завршувањето на проектот, според „Decca Records“.
Меријен Евелин Габриел Фејтфул, која преживеа зависност од дрога, бездомништво, две коми, рак и ковид-19, почина на 30-ти јануари годинава на 79-годишна возраст. Нејзиниот прв хит во 1964 година, „As Tears Go By“, изведен со продорен меланхоличен глас, ја навести потемната страна на британскиот поп, кој тогаш го освојуваше светот со разиграните мелодии на Beatles и Rolling Stones.
Поранешната девојка на Мик Џегер, по прекинувањето на врската станала зависна од хероин и анорексична, поради што на почетокот на 70-те години поминала две години на улиците на лондонскиот Сохо.
Но, без разлика колку ниско паѓаше, Фејтфул секогаш се враќаше. За време на нејзината кариера, таа издаде 21 соло албум, вклучувајќи го и познатиот „Broken English“ од 1979 година, кој ѝ донесе номинација за Греми. Напиша три автобиографии и се занимаваше и со актерска кариера.
Голем дел од нејзината слава произлезе од бурниот живот исполнет со скандали со „лошите момчиња“ на рокот.
Фејтфул и Џегер биле уапсени во 1968 година поради поседување канабис, а најпознатиот инцидент се случил една година претходно, кога полицијата ја нашла завиткана во мечешко крзно при рација во куќата на Кит Ричардс.
Инцидентот засекогаш ѝ го обезбеди местото меѓу рокенрол легендите, но Фејтфул подоцна тврдеше дека таа не учествувала во дивата оргија, како што сугерираа британските таблоиди. Таа објаснуваше дека била во кадата кога полицијата упаднала и само го грабнала најблиското нешто што и било при рака, а тоа бил тепихот. Таа се жалеше на двојните стандарди на општеството, бидејќи истовремено клеветејќи ја неа, ги сметаше Џегер и Ричардс за легендарни бунтовници.
И покрај личната цена што ја плаќаше, вклучително и предозирање со апчиња за спиење во Австралија во 1969 година што ја остави во кома, Фејтфул ја ценеше можноста да учи од големите музичари како Џегер, Пол Макартни и Џон Ленон.
Слични новости
Ракетата на Спејсекс полета за да преземе двајца американски космонаути
Вселенската ракета Фалкон 9 на американската компанија „Спејсекс“ со четири астронаути полета од Флорида за да преземе двајца астронаути кои се заглавени на Меѓународната вселенска станица ИСС.
Тејлор Свифт заработила над 100 милиони долари од стриминг платформата Спотифај
Британскиот весник Дејли Меил објави дека Тејлор Свифт заработила 103,5 милиони долари од услугите на стримиг платформата Спотифај за 2024.
Де Ниро во двојна улога во мафијашкиот филм „The Alto Knights“
Славниот холивудски актер Роберт де Ниро игра не еден туку два главни лика во биографската криминалистичка драма „The Alto Knightsто“ која наскоро доаѓа во кината