Лионел Меси го одбележа последното коло на МЛС лигата откако во победата на Интер Мајами врз Нешвил на гостински терен со 5:2 го постигна својот 60. хет трик во кариерата.

Притоа, Меси ја освои и „Златната копачка“во САД со неверојатни 29 гола и 19 асистенции и е прогласен и за најдобар играч на лигата и за најдобар стрелец.

Ноќеска Меси играше толку брилијантно што во еден момент домашните навивачи на Нешвил го скандираа неговото име.

Плеј офот во САД почнува на 22 октомври, а прв противник на третопласираниот Интер Мајами кој беше трет во источната конференција е токму тимот на Нешвил.

Слични новости

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа

Интер Мајами првпат ја освои МЛС

Интер Мајами првпат ја освои МЛС

Фудбалерите на Интер Мајами, предводени од легендарниот Аргентинец, 38-годишниот Лионел Меси, ја освоија шампионската титула во МЛС првпат во својата историја откако како домаќини ги победија Ванкувер Вајткепс со 3:1 во финалето