Филмското студиот 20 Век ги откупи правата за да сними филм врз основа на книгата на Ерик Ларсон „Ѓаволот од Белиот град“. Филмот е во фаза на развој, а студиото преговара Леонардо ДиКаприо да ја игра главната улога, а Мартин Скорцесе да го режира филмот.

Продуценти на филмот ќе бидат Стејси Шер, Рик Јорн, Џенифер Дејвисон како и ДиКаприо и Скорцесе.

Во 2019 Хулу започна да развива серија врз база на книгата, во која главната улога треаше да ја игра Киану Ривс, а Скорцесе и ДиКаприо беа продуценти, додека првите епизоди требаше да ги режира Тод Филд.

Стримерот Хулу во 2023 потврди дека се откажа од проектот.

Мартин Скорцесе и Леонардо ДиКаприо се познато по многу успешни филмовиво кои соработуваа вклучувајќи ги „Убијци на цветна месечина“, „Волкот од Вол стрит“, „Островото Шатер“, „Покојните“,  „Авијатор“ и „Бандите на Њујорк“.

Сценариото за филмот сеуште е во фаза на доработка, а се заснива на ликот на вистинскиот сериски убиец Х. Х. Холмс за кого е напишана книгата. 

Слични новости