Филмското студиот 20 Век ги откупи правата за да сними филм врз основа на книгата на Ерик Ларсон „Ѓаволот од Белиот град“. Филмот е во фаза на развој, а студиото преговара Леонардо ДиКаприо да ја игра главната улога, а Мартин Скорцесе да го режира филмот.
Продуценти на филмот ќе бидат Стејси Шер, Рик Јорн, Џенифер Дејвисон како и ДиКаприо и Скорцесе.
Во 2019 Хулу започна да развива серија врз база на книгата, во која главната улога треаше да ја игра Киану Ривс, а Скорцесе и ДиКаприо беа продуценти, додека првите епизоди требаше да ги режира Тод Филд.
Стримерот Хулу во 2023 потврди дека се откажа од проектот.
Мартин Скорцесе и Леонардо ДиКаприо се познато по многу успешни филмовиво кои соработуваа вклучувајќи ги „Убијци на цветна месечина“, „Волкот од Вол стрит“, „Островото Шатер“, „Покојните“, „Авијатор“ и „Бандите на Њујорк“.
Сценариото за филмот сеуште е во фаза на доработка, а се заснива на ликот на вистинскиот сериски убиец Х. Х. Холмс за кого е напишана книгата.
Слични новости
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки” добитник на BSC Special Achievement Award
Британското здружение на кинематографери (BSC) ја додели својата награда за посебно достигнување (Special Achievement Award) на ИФФК „Браќа Манаки“
Почина познатиот српски новинар и колумнист Теофил Панчиќ
Писателот, колумнист и новинар Теофил Панчиќ синоќа почина по долго и тешко боледување, објави српскиот неделник време, каде што Теофил Панчиќ беше...
И Битлси и Стоунси добитници на Греми
Двата легендарни британски изведувачи во историјата на класичниот рок, Битлси и Ролинг Стоунс, освоија секој по едно признание Греми на 67. американски музички награди во Лос Анџелес