Американската управа за храна и лекови ФДА предупреди на можен зголемен ризик од сериозно заболување на окото поврзано со примена на лековите од групата ГЛП-1, кои се користат за слабеење и лекување на дијабетесот.

ФДА побара произведувачите на лекови Оземпик, Вегови, Моунџаро и Зепбаунд во упатсвата да додадат и предупредување за можна појава на неартериска предна исхемиска оптичка невропатија, заболување кое може да предизвика ненадејна загуба на видот, а во одделни случаи и трајно оштетување на видот, пренесува Си Ен Ен

Компаниите Ново Нордиск и Ели Лили соопштија дека ја разгледуваат одлуката на ФДА, со оценка дека достапните податоци не ја потврдуваат каузалната врска меѓу римената на нивните лекови и ова заболување.

Слични новости

Почина американскиот актер Стејси Кич

Почина американскиот актер Стејси Кич

Американскиот актер Стејси Кич, познат по улогите на детективот Мајк Хамер и писателот Ернест Хемингвеј, почина на 85 годишна возраст од срцева слабост, соопшти неговата сопруга.