Американската управа за храна и лекови ФДА предупреди на можен зголемен ризик од сериозно заболување на окото поврзано со примена на лековите од групата ГЛП-1, кои се користат за слабеење и лекување на дијабетесот.
ФДА побара произведувачите на лекови Оземпик, Вегови, Моунџаро и Зепбаунд во упатсвата да додадат и предупредување за можна појава на неартериска предна исхемиска оптичка невропатија, заболување кое може да предизвика ненадејна загуба на видот, а во одделни случаи и трајно оштетување на видот, пренесува Си Ен Ен
Компаниите Ново Нордиск и Ели Лили соопштија дека ја разгледуваат одлуката на ФДА, со оценка дека достапните податоци не ја потврдуваат каузалната врска меѓу римената на нивните лекови и ова заболување.
Слични новости
Глен Клоуз, Ридли Скот и Флод Норман добија почесни Оскари
Големите имиња на глобалниот филм, актерката Глен Клоуз, режисерот и продуцент Ридли Скот и аниматорот Флојд Норман добија почесни Оскари од Американската академија за филмски уметности
„Ебенејзер“ со Џони Деп прв на американскиот Бокс офис
Филмот „Ебенејзер“ на Парамаунт во кој филмската ѕвезда Џони Деп се врати на големото платно по пауза од осум години е прв на американскиот Бокс офис со заработка од 20 милиони долари викендов.
Премиерите на „Војникот дух“ и „Како да ограбите банка“ разочараа на Бокс офисот
„Војникот дух“ на студиото Сони во режија на Вилијам Јубанк заработи скромни 5,2 милиони долари на премиерниот викенд ширум кината во САД. Лошо помина и премиерата на „Како да ограбите банка“ на студиото Амазон МГМ. Филмот на режисерот Дејвид Лич заработи разочарувачки 5,1 милиони долари


