Најмалку 18 лица во неколку федерални држави загинаа во ледениот бран што ги зафати САД, јавија денеска американските медиуми.
Во градот Фриско, Тексас, недалеку од Далас, шеснаесетгодишно девојче починало додека се санкало, соопшти локалната полиција, наведувајќи дека девојчето на санката го влечело тинејџер кој возел моторна санка, пренесува Еј-Би-Си.
Во областа Остин, една жртва на хипотермија е пронајдена мртва на паркинг на напуштена бензинска пумпа, соопштија локалните власти.
Во државата Арканзас, 17-годишно момче починало по несреќа во која удрил со санка во дрво, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Салин.
Градоначалникот на Њујорк соопшти дека пет лица загинале во ледениот бран, а медиумите во Бостон објавија дека во државата Масачусетс, една жена починала откако била удрена од машина за чистење снег.
Три смртни случаи се пријавени во Тенеси, два во Луизијана и еден во Канзас, потврдија официјални лица во тие држави за Еј-Би-Си.
Слични новости
Сибиха: Путин цинично нареди масивен напад врз Украина за време на разговорите во Абу Даби
Официјален Киев предупреди дека руските ракети не го погодија само украинскиот народ, туку и преговарачката маса.
Во Абу Даби продолжен трилатералниот состанок за Украина
Во Абу Даби денеска продолжи трилатералната средба за постигнување мировно решение за Украина на која учествуваат украинска, руска и американска делегација, јави Ројтерс.
Тајмс: Финците замолени да не ја понижуваат американската армија
Американската војска е многу послабо подготвена за воени дејства во арктички услови во однос на вооружените сили на северноевропските земји и покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека само САД може ефикасно да го бранат Гренланд, пишува британкиот весник „Тајмс“.


