Најмалку 18 лица во неколку федерални држави загинаа во ледениот бран што ги зафати САД, јавија денеска американските медиуми.

Во градот Фриско, Тексас, недалеку од Далас, шеснаесетгодишно девојче починало додека се санкало, соопшти локалната полиција, наведувајќи дека девојчето на санката го влечело тинејџер кој возел моторна санка, пренесува Еј-Би-Си.

Во областа Остин, една жртва на хипотермија е пронајдена мртва на паркинг на напуштена бензинска пумпа, соопштија локалните власти.

Во државата Арканзас, 17-годишно момче починало по несреќа во која удрил со санка во дрво, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Салин.

Градоначалникот на Њујорк соопшти дека пет лица загинале во ледениот бран, а медиумите во Бостон објавија дека во државата Масачусетс, една жена починала откако била удрена од машина за чистење снег.

Три смртни случаи се пријавени во Тенеси, два во Луизијана и еден во Канзас, потврдија официјални лица во тие држави за Еј-Би-Си.

Слични новости

Разгворите во Абу Даби приближување до состанок меѓу Путин и Зеленски

Разгворите во Абу Даби приближување до состанок меѓу Путин и Зеленски

Трилатерните разговори во Абу Даби отворија пат за состанок меѓу претседателите на Русија и на Украина Владимир Путин и Володимир Зеленски во многу блиска иднина, пренесува американскиот портал Аксиос, повикувајќи се на изјава на висок американски преговарач.