Најмалку 18 лица во неколку федерални држави загинаа во ледениот бран што ги зафати САД, јавија денеска американските медиуми.
Во градот Фриско, Тексас, недалеку од Далас, шеснаесетгодишно девојче починало додека се санкало, соопшти локалната полиција, наведувајќи дека девојчето на санката го влечело тинејџер кој возел моторна санка, пренесува Еј-Би-Си.
Во областа Остин, една жртва на хипотермија е пронајдена мртва на паркинг на напуштена бензинска пумпа, соопштија локалните власти.
Во државата Арканзас, 17-годишно момче починало по несреќа во која удрил со санка во дрво, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Салин.
Градоначалникот на Њујорк соопшти дека пет лица загинале во ледениот бран, а медиумите во Бостон објавија дека во државата Масачусетс, една жена починала откако била удрена од машина за чистење снег.
Три смртни случаи се пријавени во Тенеси, два во Луизијана и еден во Канзас, потврдија официјални лица во тие држави за Еј-Би-Си.
Слични новости
Фон дер Лајен : Европката унија треба да има поголема независност
Таа рече дека Европа е соочена со „шок терапија“ во поглед на безбедноста и дека се буди по децениски затишја, поради заканите на надворешни сили кои се обидуваат да ја ослабнат ЕУ одвнатре
Зеленски од Минхен порача дека Украина нема да прави територијални отстапки
Зеленски ја обвини администрацијата во Вашингтон дека притиска за територијални отстапки од Украина, но дека не врши таков притисок врз Русија.
Русија ја блокираше платформата Вотсап
Руската служба за надзор на комуникациите и медиумите Роскомнадзор го острани Востап од ДНС серверите, со што е оневозможено користењето на оваа апликација во земјата.


