Најмалку 18 лица во неколку федерални држави загинаа во ледениот бран што ги зафати САД, јавија денеска американските медиуми.
Во градот Фриско, Тексас, недалеку од Далас, шеснаесетгодишно девојче починало додека се санкало, соопшти локалната полиција, наведувајќи дека девојчето на санката го влечело тинејџер кој возел моторна санка, пренесува Еј-Би-Си.
Во областа Остин, една жртва на хипотермија е пронајдена мртва на паркинг на напуштена бензинска пумпа, соопштија локалните власти.
Во државата Арканзас, 17-годишно момче починало по несреќа во која удрил со санка во дрво, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Салин.
Градоначалникот на Њујорк соопшти дека пет лица загинале во ледениот бран, а медиумите во Бостон објавија дека во државата Масачусетс, една жена починала откако била удрена од машина за чистење снег.
Три смртни случаи се пријавени во Тенеси, два во Луизијана и еден во Канзас, потврдија официјални лица во тие држави за Еј-Би-Си.
Слични новости
Трамп најави смален интензитет на војната со Иран
„Блиску сме до постигнување на нашите цели и сега размислуваме да ги намалиме нашите обемни воени напори“, напиша Доналд Трамп на платформата Трут Соушал.
Техеран испука балистички ракети кон базата „Диего Гарсија“ на 4.000 километри од брегот на Иран
Иранскиот напад предизвика загриженост во Вашингтон бидејќи Техеран со години тврди дека дострелот на неговите ракети е 2.000 километри, додека нападот покажува дека Иран има капацитет да нападне цели и на 4.000 километри.
Моџтаба Хамнеи повикa на непријателите на неговата нација да им се одземе „безбедноста“
Новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, повика на непријателите на неговите нации да им се одземе „безбедноста“, во својата последна порака до јавноста.


