Најмалку 18 лица во неколку федерални држави загинаа во ледениот бран што ги зафати САД, јавија денеска американските медиуми.
Во градот Фриско, Тексас, недалеку од Далас, шеснаесетгодишно девојче починало додека се санкало, соопшти локалната полиција, наведувајќи дека девојчето на санката го влечело тинејџер кој возел моторна санка, пренесува Еј-Би-Си.
Во областа Остин, една жртва на хипотермија е пронајдена мртва на паркинг на напуштена бензинска пумпа, соопштија локалните власти.
Во државата Арканзас, 17-годишно момче починало по несреќа во која удрил со санка во дрво, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Салин.
Градоначалникот на Њујорк соопшти дека пет лица загинале во ледениот бран, а медиумите во Бостон објавија дека во државата Масачусетс, една жена починала откако била удрена од машина за чистење снег.
Три смртни случаи се пријавени во Тенеси, два во Луизијана и еден во Канзас, потврдија официјални лица во тие држави за Еј-Би-Си.
Слични новости
Пентагон разгледува пренасочување на украинската вонеа помош на Блискиот исток
Пентагон разгледува пренасочување на оружјето наменето за Украина на Блискиот исток, вклучувајќи ги и противвоздушните ракети за пресретнување, за да ги засили американските сили во војната против Иран, пишува Вашингтон пост
Израел соопшти дека го уби командантот на иранската морнарица што го затвори Ормутскиот теснец
Израелскиот министер за одбрана на Израел Кац денеска изјави дека е убиен командантот на Иранската револуционерна гарда Алиреза Тангсири во напад во пристанишниот град Бандар Абасу
Иран ги соопшти условите за минување низ Ормутскиот теснец
Во најновото соопштение, иранската мисија во Обединетите нации изјави дека бродовите можат да користат „безбеден премин“ низ Ормускиот теснец, „под услов да не учествуваат или да не поддржуваат акти на агресија против Иран и целосно да ги почитуваат пропишаните мерки за безбедност и сигурност“.


