Манчестер јунајтед се соочува со нов бран критики по слабите резултати, а англиските медиуми шпекулираат дека раководството размислува за смена на тренерот Мајкл Карик. Засега нема официјална потврда дека клубот донел таква одлука.„Црвените ѓаволи“ се без победа на последните шест натпревари, а сезонава имаат само две победи на девет средби.
На Манчестер Јунајтед му беше потребен голем европски резултат на гостувањето кај Атлетико Мадрид за конечно да се намали притисокот врз Мајкл Керик по бледото првенствено реми со Тотенхем.
Наместо тоа, „Црвените ѓаволи“ доживеаја нов пораз од 2-0 и продлабочување на црната серија без победа која трае уште од 10 септември.
Слични новости
Хамес Родригез се враќа во Колумбија
Родригез се враќа во татковината по цели 18 години, откако како 17 годишно момче замина од Колумбија во аргентинскиот Банфилд, а потоа во Порто. По Мундијалот 2014 го направи трансферот на кариерата во Реал Мадрид, по што кариерата му тргна во надолна линија.
Епски пресврт на Тијафо за полуфинале на УС опен
Американскиот тенисер Френсис Тијафо избори пласман во полуфиналето на УС опенот, откако на спектакуларен начин во четвртфиналето го победи сонародникот Алекс Микелсен со 3:2 во сетови.
Скот Мектоминеј успешно опериран, соопшти Наполи
Фудбалерот на Наполи Скот Мектоминеј успешно е опериран, откако без поголеми проблеми беше извршена хируршка интервенција на неговото срце, со што е отстранета аритмијата која ја доживуваше последните недели.


