Стриминг гигантот Нетфликс објави дека се договорил со ирскиот легендарен бенд У2 да настапува на полувремето на НФЛ натпреварот на денот на благодарноста во САД. Натпреварот ќе се игра на 25 ноември на стадион во Лос Анџелес.
У2 последен пат настапија на полувреме на натпревар од НФЛ во финалето -Суперболот во 2002-ра, настан кој сеуште се памети, а беше посветен на жртвите од терористичкиот напад на 9 септември во САД.
Извршниот директор на Нетфликс Тед Сарандос изјави дека има причина зошто У2 ги полнат стадионите со децении. Тие не настапуваат, туку испорачуваат иконски моменти кои публиката засекогаш ги памети, рече Сарандос.
Слични новости
Мадона закупи цело село на осторовот Крф за нејзиниот роденден
Американската поп ѕвезда мадона го прослави 68-от роденден во селото Курамадес на грчкиот остров Крф, а заради прославата на нејзиниот роденден привремено беа затворени и селските улици. Мадона со семејството и пријателите вечераше во таверна со традициолна ребетико музика и грчки специјалитети, пишува весникот Прото тема.
Новиот Спајдермен надмина заработка од две милијарди долари
За време на викендот Спајдермен ја надмина заработката од две милијарди долари глобално, што го прави втор филм кој успеал да оствари таков спекатукаларен резултат за кусо време, и само осми филм на сите времиња што заработил повеќе од две милијарди долари.
„Крајот на улицата на дабовите“ на Ворнер викендов ја имаше светската премиера
Научно -фантастичниот филм со диносауруси на студиото Ворнер „Крајот на улицата на дабовите“ викендов ја имаше светската премиера со солиден успех на кино благајните.


