Стриминг гигантот Нетфликс објави дека се договорил со ирскиот легендарен бенд  У2 да настапува на полувремето на НФЛ натпреварот на денот на благодарноста во САД. Натпреварот ќе се игра на 25 ноември на стадион во Лос Анџелес.

У2 последен пат настапија на полувреме на натпревар од НФЛ во финалето -Суперболот во 2002-ра, настан кој сеуште се памети, а беше посветен на жртвите од терористичкиот напад на 9 септември во САД.

Извршниот директор на Нетфликс Тед Сарандос изјави дека има причина зошто У2 ги полнат стадионите со децении. Тие не настапуваат, туку испорачуваат иконски моменти кои публиката засекогаш ги памети, рече Сарандос.

 

Слични новости