Стриминг гигантот Нетфликс објави дека се договорил со ирскиот легендарен бенд У2 да настапува на полувремето на НФЛ натпреварот на денот на благодарноста во САД. Натпреварот ќе се игра на 25 ноември на стадион во Лос Анџелес.
У2 последен пат настапија на полувреме на натпревар од НФЛ во финалето -Суперболот во 2002-ра, настан кој сеуште се памети, а беше посветен на жртвите од терористичкиот напад на 9 септември во САД.
Извршниот директор на Нетфликс Тед Сарандос изјави дека има причина зошто У2 ги полнат стадионите со децении. Тие не настапуваат, туку испорачуваат иконски моменти кои публиката засекогаш ги памети, рече Сарандос.
Слични новости
Продуцентите имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд
Британскиот актер Гери Олдман изјави дека продуцентите веќе имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд и дека тој се надева оти тоа ќе биде Џек Лауден, неговиот партнер во шпионската серија „Бавни коњи“
Мариска Харгитај освои две Еми награди за нејзиниот документарец „Мојата мајка Џејн“
Со ова Мариска Харгитај стигна до три Еми награди, откако својата прва Еми награда ја доби во 2006-та за улогата во култната серија „Ред и закон- Специјален одред за жртви“ во 2006-та.
Тивок Бокс офис во САД -сеуште доминираат Одисеја и Спајдермен
Од новите филмови по;на да се прикажува „Со сите средства“ на режисерот Елеганс Бретон со Марк Волберг. Филмот има солидни оценки од критиката но во премиерниот викенд заработи само 7 милиони долари во САД.


