Легендарниот рок бенд „Електрични оргазам“ прослави 45 години постоење со концерт во преполниот Дом на младината во Белград. Славеничкиот концерт беше отсвирен со две гитари и без клавијатури, бидејќи еден од оснивачите на бендот Љуба Џукиќ е повреден.
Фронтемнот Срџан Гојковиќ го отпочна концерот симболично со песната „Конобар“, која настана спроти Домот на младината во кафеаната „Морнар“ на оснивачкиот состанок на бендот во 1980.
Освен песните од почетоците на бендот кога свиреше „Њу вејв“ на концертот доминираа и песни од втората половина на 80-тите, особено од славниот албум „Дисторзија“ од 1986.
Слични новости
Париз ја доби најдолгата градска жичница во Европа
Патниците во Париз отсега може да патуваат до центарот на градот од неговиот јужен дел со жичница долга 4,5 километри, за која се вели дека е најдолгата урбана жичарница во Европа,
„Зоотопиа 2“ надмина една милијарда долари заработка
Анимираниот филм на студиото Волт Дизни „зоотопиа 2“ во петокот надмина заработка од една милијарда долари за само 17 дена прикажување во кино салите.
Почина актерот Питер Грин
Актерот Питер Грин (60) познат по улогите на негативен лик во филмовите „Pulp fiction“ и „Mask“ почина во неговиот дом во Њујорк, соопшти неговиот менаџер, а причината за смртта сеуште не е објавена


