Левица е подготвена да достави предлог за разрешување на Даути, најави партијата, откако претседателот на Собранието, Африм Гаши рече дека со изгласаната интерпелација за претедателката на Комисијата за социјална политика, Илире Даути, завршиле нејзините обрски согласно Деловникот.

„Изјавите во однос на интерпелацијата на пратеничката Даути, кои деновиве доаѓаат од т.н албански политички блок и од претседателот на Собранието, Африм Гаши, само ја покажуваат нивната неуставна политичка култура на дејствување, при што дури и уставно предвидениот институт интерпелација се обидуваат да го толкуваат низ етничка димензија. Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши дека нема да го достави усвоениот Заклучок од интерпелацијата е флагрантен израз на неговото самоволие, кое ја става партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба“, соопшти Левица.

 Изјавите дека интерпелацијата нема правно обврзувачко дејство е елементарно непочитување на Уставот и на законодавниот дом, како највисок орган кој врши контрола над работата над избраните и именуваните функционери, се додава во соопштението.

„Интерпелацијата за пратеничката од Алијанса за Албанците беше изгласана со апсолутно мнозинство од страна на пратениците, односно со 61 пратеник, што директно ја имплицира тежината на политичката одлука. Доколку апсолутно мнозинство од 61 пратеник е доволно дури и за изгласување на недоверба на влада, нејасно е како одредени политички чинители свесно го деградираат Уставот и изјавуваат дека ова мнозинство не е доволно за разрешување на претседател на собраниска комисија?!“, соопшти партијата.

Левица очекува пратеничката Даути да ја демонстрира својата политичка одговорност и да го сочува својот интегритет како пратеник во Собранието, со тоа што ќе го испочитува усвоениот Заклучок во Собранието, каде јасно е прецизирано дека Даути, како претседател на собраниска комисија, го прекршила Деловникот на Собранието.

„Во спротивно, Левица е подготвена да иницира предлог за разрешување до собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, со која претседава пратеникот од редовите на ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски. Очекуваме владејачкото мнозинство да го предложи ваквиот издржан предлог на Левица, со цел заштита на законодавниот дом од самоволието на одредени политички чинители. Со цел да ги разјасниме неуставните толкувања во јавноста, се додава во соопштението, потенцираме дека правните норми се јасни: владејачкото мнозинство преку собраниската комисија има правна можност и обврска да ја разреши Илире Даути, доколку таа продолжи да го крши Деловникот и не си поднесе оставка од функцијата претседател на комисијата, порачува Левица.

Претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата Ѓорѓи Сајкоски, посочи дека Комисијата не е надлежна самата да презема нешто во врска со интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даути и дека нема добиено никакво известување досега. Тој додаде дека чека на следни чекори од пратеничките групи, вели Сајкоски.

globe

Слични новости

Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок

Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, на прес-конференција по денешната седница појасни дека компаниите сега ќе можат во рок од пет години, доколку сметаат дека им биле повредени правата, да бараат да им бидат вратени парите

Поранешниот директор на СОЗР осомничен за проневера на над пет милиони денари

Поранешниот директор на СОЗР осомничен за проневера на над пет милиони денари

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против Пеце Мирчевски, поранешен директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата , за примање поткуп, фалсификување службена исправа, проневера и несовесно работење во службата

Мицкоски: Националната развојна стратегија 2024-2044 е визионерски документ за трансформација на Македонија

Мицкоски: Националната развојна стратегија 2024-2044 е визионерски документ за трансформација на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на донаторска конференција од амбасадорите и од претставниците на донаторската заедница побара партнерства и заеднички проекти за реализација на целите од Националната развојна стратегија 2024-2044