Роберт Левандовски нема да го продолжи договорот со Барцелона и летово ќе ја напушти Каталонија по 4 успешни сезони. Полски извори блиски до Левандовски наведуваат дека в недела Левандовски за последен пат ќе игра во дресот на Барцелона, откако не прифати пониска плата и да биде резерва, за продолжување на договорот.
Иако до сега ги одбиваше понудите од Саудиска Арабија, Левандовски е сега заинтересиран таму да ја заврши кариерата, каде што веќе играат голем број ветерани на светскиот фудбал.
За четрири години во Барцелона Левандовски освои три титули, три Суперкупови на Шпанија и еден куп на кралот.
Слични новости
Џа Морант нов играч на Портланд
Досегашниот играч на мемфис Џа Морант премина во Портланд, официјално соопшти НБА лигата. Во трејдот со Мемфис Портланд во Мемфис ги испрати Џереми Грант и Крис Мареј, за да го доведе Џа Морант.
Мароко ја елиминираше Холандија на пенали
Мароко се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во фудбал откако утринава ја победи Холандија на пенали (3: 2). Во регуларниот тек и по продолженијата натпреварот заврши 1:1. Поведе Холандија со голот на Гакпо во 72-та минута од мечот, а израмни Диао во 91-та минута.
Претседателот на Парагвај денешниот ден го прогласи за државен празник откако утринава Парагвај ја елиминираше Германија на СП во фудбал
Парагвај никогаш не се откажува, по ѓаволите -државен празник“ напиша претседателот на Парагвај Сантјаго Пења, по пласманот на фидбалската репрезентација на Парагвај во осмина финалето на Светското првенство во фудбал.


