Кошаркарот на Лејкреси Леброн Џејмс е избран да биде резерва во тимот на Западот на Ол стар турнирот на НБА лигата. 41 годишниот Џејмс по 22-ри пат во кариерата е избран да учествува на Ол стар натпреварувањето, но за прв пат во неговата кариера како резерва.
Освен Џејмс, резерви во тимот на Западот ќе бидат Дени Авдија, Џамал Мари, Кевин Дурант, Ентони Едвардс, Девин Букер и Чет Холмгрен.
Претходно за старетри на Западот беа избрани Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Шеи Гилџес-Александар, Стефон Кари и Виктор Вембенјама.
Слични новости
Рекорд на Лука Дончиќ во победата на Лејкерс против Кливленд
Најефикасен во тимот на Лејкерс беше Словенецот Лука Дончиќ кој постигна 42 коша. Дончиќ стана и играч на Лејкерси со најмногу поени во еден месец, уривајќи го рекордот на легендарниот Кобе Брајант.
Италија, Данска, Косово и Полска без пласман на Светското првенство, се пласираа Босна, Ќешка, Турција и Шведска
Италија го пропушта и третото Светско фудбалско првенство во низа, што е најголемото изненадување од баражите за пласман на Мундијалот. Тие синоќа во Зеница загубија на пенали од Босна и Херцеговина.
Босна направи огромен успех со пласманот на Светското првенство со победата над Италија на пенали
За Босанците ова е прв пласман на Светско првенство по нивното учество во 2014, а Италија пропушта и трет Мундијал по ред што е за репрезентација од такво реноме вистинска катастрофа.


