Либерално-демократската партија (ЛДП) ја истакнува исклучителната важност на присуството на својата претседателка, Моника Зајкова, како модератор на една од клучните дебати на Конгресот на Партијата на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) во Брисел, насловена „Суперсила Европа – Реформирање на одлучувањето на ЕУ во опасен свет”.

„Учеството на Зајкова, рамо до рамо со поранешни премиери, актуелни министри и европратеници, како Кирил Петков и Жорж-Луј Буше, само ја потврдува позицијата на ЛДП како витален и почитуван член на европското либерално семејство. Нејзината улога во водењето на дебатата истакна дека либералните вредности и прашањата на Северна Македонија се високо на агендата на европските центристи“, се наведува во партиското соопштение.

 

Зајкова во својот настап јасно ја истакнала обврската на либералните политичари да водат со идеали, но и да ја почитуваат волјата на граѓаните, што е клучно за деблокирање на евроинтеграциите на Македонија.

„Таа го истакна ставот дека уставните измени, како услов за членство, може да стапат во сила само со гаранција за ратификација на целосниот пристапен договор, повикувајќи се на успешниот модел од процесот за членство во НАТО. Овој принципиелен став, кој го штити достоинството и интересот на граѓаните, доби силна поддршка од европските либерални лидери присутни на панелот“, се додава во објавата на либералдемократите.

Од ЛДП велат дека апелираат до Европската унија и нејзините лидери за итно усвојување на креативни и иновативни решенија кои ќе го откочат проширувањето. Зајкова посочила на потребата ЕУ да покаже мудрост, а не само моќ, користејќи ги искуствата од минатото. Како конкретен пример, таа го наведе Северна Ирска Протоколот, истакнувајќи дека доколку ЕУ може да најде дипломатски решенија за најголемите пречки, мора да најде и начин да го испорача ветувањето за Северна Македонија. ЛДП и европските либерали се обединети во ставот дека проширувањето на ЕУ е геополитички императив.

globe

Слични новости

Сообраќајот на граничниот премин Богородица конечно нормализиран

Сообраќајот на граничниот премин Богородица конечно нормализиран

Сообраќајот на граничниот премин Богородица ( Евзони ) е целосно нормализиран од 21 часот, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Претходно, овој премин беше во целосна блокада, и за влез и за излез од земјава, поради штрајк на земјоделците во Грција.

АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило

АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило

Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило