НБА лигата и официјално ја потврди размената меѓу ЛА Клиперс и Кливленд со која Џејмс Харден го засилува Кливленд во обидот да се бори за шампоионска титула.

Кливленд ќе биде шестиот тим за кој настапува Џејмс Харден кој играше за Оклахома, Хјустон, Бруклин, Бруклин и Клиперс. За Харден Кливленд го разменуваат младиот плејмејкер Дариус Гарланд и втор пик на драфтот. Клиперс добива перспектива затоа што Гарланд кој сезонава има просек од 18 поени и 7 асистенции има 26 години.

Кливленд пак се обидува да биде конкурентен за шампионската титула и сега има две ѕвезди на бекобската позиција 36 годишниот Харден и Донован Мичел.

 

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.

Џа Морант најверојатно ќе биде трејдуван во Мајами

Мајами Хит кој беше еден од најсериозните тимови за ангажирање на јанис Адетокумбо од Милвоки, се откажа од трката за грчкиот крилен центар и се насочи кон тоа да го доведе спектакуларниот плејмејкер на Мемфис Гризлис Џа Морант.