Фудбалерите на Лос Анџелес Галакси по шести пат ја освоија шампионската титула во МЛС, тие го победија Њујорк Ред Булс со 2:1 (2:1) во финалето одиграно на домашен терен во Карсон
Домашните добро го отворија дуелот и поведоа со 2:0 со головите на Пајнтсил во 9. и Јовељиќ во 13. минута, додека Неалис во 28. минута намали на 2:1. До крјаот на мечот немаше промена на резултатот.
ЛА Галакси со шест титули е клубот со најмногу трофеи во 29-годишната историја на МЛС, а ова му е прва титула по 10 години. Од друга страна, Њујорк Ред Булс, кои трипати во својата историја беа најдобриот тим во лигашкиот дел од сезоната, сѐ уште ја чекаат првата титула.
Слични новости
Летонскиот кошаркар Тима се самоуби
Латвискиот кошаркар Јанис Тима се самоубил во вторникот во хотел во центарот на Москва, објави Евролигата
Роналдо сака да стане претседател на Бразилската фудбалска асоцијација
Поранешната бразилска ѕвезда Роналдо сака да го замени Едналдо Родригеш на функцијата претседател на Бразилската фудбалска асоцијациј
НБА: Десетти „трипл-дабл“ на Јокиќ сезонава за тесна победа на Денвер
Никола Јокиќ го забележа десеттиот „трипл-дабл“ сезонава за Денвер Нагетс кои славеа тесна победа над Сакраменто Кингс со 130:129