Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека во претходните две седмици имал интензивни разговори за дијалогот и дека очекува следната седмица да биде полна со закажани состаноци и официјални мисии.
„Новото раководство на ЕУ конечно стапи на должност, Косово имаше грозоморен терористички напад чија цел беше критична инфраструктура – чин што силно го осудувам – а дипломатскиот свет се подготвува за својот вообичаен спринт до крајот на годината“, напиша Лајчак денеска на Фејсбук, во осврт за експлозијата кај Зубин Поток, во која беше оштетен каналот Ибар-Лепенац.
Лајчак нагласи дека е важно да се види дека во првата недела по преземањето на функцијата, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, високата претставничка Каја Калас и комесарката за проширување Марта Кос се сретнаа со лидерите на Западен Балкан и „испратија јасен сигнал дека проширувањето на ЕУ е нивен приоритет“.
Слични новости
Претепан српскиот опозициски лидер Драган Ѓилас
Лидерот на Партијата на слободата и правдата, Драган Ѓилас и членот на партијаta, Ѓорѓе Алексиќ синоќа се повредени во тепачка што избила откако затекнале лица кои лепат плакати против Ѓилас, соопшти ССП.
Вучиќ: Не ми паѓа на памет да бегам од државата и од оние што ѝ прават лошо на Србија
Додека сум жив, ќе живеам во Србија…. Се борев за Србија и ја претставував на најдобар можен начин. Ја подигнав до тие граници да не можат да ме надминат во она што го направив, вели меѓу другото српскиот претседател
Косово привремено го забрани увозот на мандарини од Албанија
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на Косово денеска соопшти дека ја следи состојбата откако Европскиот систем за безбедност на храна алармира поради пратката со мандарини што доаѓа од Албанија