Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез ќе ги пропушти претстојните квалификации за Светското првенство против Уругвај и Бразил поради повреда на тетивата, објави во средата аргентинската федерација.
Фудбалерот на милански Интер минатата седмица во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Феенорд беше оставен на клупата поради болки во мускулите.

Дваесет иседумгодишниот Мартинез се врати во голгетерската низа во победата на Интер од 2:0 во Серија А над Аталанта во неделата, пред да се приклучи на селекцијата на Лионел Скалони, но сега е надвор од теренот поради повреда на левата тетива.
Мартинез се приклучува на растечката листа отсутни ѕвезди на Аргентина, вклучувајќи го и капитенот Лионел Меси, кој е надвор од терените поради истегнување на мускулите, заедно со Гонзало Монтиел, Џовани Ло Селсо и Пауло Дибала.
Аргентина е лидер во квалификацискиот поредок на КОНМЕБОЛ со 25 бода по 12 натпревари. Светскиот шампион и шампион на Копа Америка во петок ќе играат со второпласираниот Уругвај пред да му гостуваат на петтопласираниот Бразил четири дена подоцна.
Слични новости
Булс го расипаа вреќањето на Леброн, Голден Стејт поразен од Атланта
Кошаркарите на Чикаго Булс го расипаа враќањето на Леброн Џејмс во тимот на Лејкерс по пропуштените седум натпревари, совладувајќи го домашниот тим во Лос Анџелес со убедливи 146:115
Ѓоковиќ во третото коло на Мастерсот во Мајами, Алкараз поразен од Гофан
Новак Ѓоковиќ лесно се пласираше во третото коло на Мастерсот во Мајами, откако во второто коло убедливо го победи Австралијанецот Ринки Хаџиката со 2:0 во сетови (6:0, 7:6). Победата на Ѓоковиќ е прва по три порази во низа.
Клиперс го победија Мемфис во дерби мечот на западната конференција
Лос Анџелес Клиперс го победија тимот на Мемфис Гризлис со 128:108 во борбата за учество во плеј офот во западната конференција. Во тимот на Клиперс најдобар беше Џејмс Харден со 30 коша и девет асистенции, Каваи Ленард постигна 23, Ивица Зубац 17, а Богдан Богдановиќ 16 коша.