Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц денеска објави дека неговиот профит опадна од 10,4 милијарди евра во 2024 на 5,3 милијарди евра во 2025, што претставува намалување за речиси 50 насто.

Оперативниот профит на Мерцедес-Бенц пред каматите и даноците падна за 57 насто меѓугодишно, додека вкупниот приход од продажбата е понизок за 9 насто и изнесува 132,2 милијарди евра.

Компанијата се обиде да го ублажи ударот со заштедите од над 3 и пол милијарди евра во секторот на патнички автомобили, но тоа не беше доволно да се надоместат загубите на светскиот пазар.

Главните причини за слабите резултати се посилната конкуренција, високите царини и неповолните валутни курсеви.

Особено болна точка за Мерцедес е Кина која со години беше најважен пазар и главен извор на приходи. Во Кина продажбата во минатата година е падната за околу 20 проценти, затоа што домашните кинески брендови стануваат се подоминантни, затоа што нудат поевтини и модерни решенија кои полека ги потискуваат европските гиганти.  

Слични новости

Вредностите на криптовалутите и натаму во слободен пад

Вредностите на криптовалутите и натаму во слободен пад

Вредноста на биткоинот на најголемата берза на криптовалути Бајненс падна под 60 000 евра и сега изнесува 59.378 евра. Индексот на страв и алчност за биткоин се наоѓа на нивото 11 што е многу високо ниво на страв и незивесност.

Драстичен пад на цената на нафтата на берзите по спогодбата меѓу САД и Иран и отварањето на Ормутскиот теснец

Драстичен пад на цената на нафтата на берзите по спогодбата меѓу САД и Иран и отварањето на Ормутскиот теснец

Цената на референтната сирова нафта Брент падна за 13 насто на 94,80 долари за барел, а американската нафта забележа пад од 15 насто и се тргуваше по цена од 95,75 долари за барел, пренесува Би Би Си.