Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц денеска објави дека неговиот профит опадна од 10,4 милијарди евра во 2024 на 5,3 милијарди евра во 2025, што претставува намалување за речиси 50 насто.
Оперативниот профит на Мерцедес-Бенц пред каматите и даноците падна за 57 насто меѓугодишно, додека вкупниот приход од продажбата е понизок за 9 насто и изнесува 132,2 милијарди евра.
Компанијата се обиде да го ублажи ударот со заштедите од над 3 и пол милијарди евра во секторот на патнички автомобили, но тоа не беше доволно да се надоместат загубите на светскиот пазар.
Главните причини за слабите резултати се посилната конкуренција, високите царини и неповолните валутни курсеви.
Особено болна точка за Мерцедес е Кина која со години беше најважен пазар и главен извор на приходи. Во Кина продажбата во минатата година е падната за околу 20 проценти, затоа што домашните кинески брендови стануваат се подоминантни, затоа што нудат поевтини и модерни решенија кои полека ги потискуваат европските гиганти.
Слични новости
Златото собори нов рекорд
Инвеститорите ги следат геополитичките напнатости околу Грендланд и Иран, што придонесе инвеститорите да се свртат кон сигурни утошишта како што е златото што резултира со постојано кревање на цената на златото.
ММФ : Цените на нафтата ќе останат ниски и оваа година
Просечната цена на нафтата по барел во 2026 ќе биде околу 62 длари по барел, а слична цена се проектира и за 2027, се наведува во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд.
Меѓународната агенција за енергија соопшти дека очекува голем суфицит на нафта
Агенцијата во својот месечен извештај за нафтата проектираше дека глобалната понуда на нафтата ќе ја надминува побарувачката од 4,25 милиони барели дневно во првиот квартал, пренесува Ројтерс.

