Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц денеска објави дека неговиот профит опадна од 10,4 милијарди евра во 2024 на 5,3 милијарди евра во 2025, што претставува намалување за речиси 50 насто.

Оперативниот профит на Мерцедес-Бенц пред каматите и даноците падна за 57 насто меѓугодишно, додека вкупниот приход од продажбата е понизок за 9 насто и изнесува 132,2 милијарди евра.

Компанијата се обиде да го ублажи ударот со заштедите од над 3 и пол милијарди евра во секторот на патнички автомобили, но тоа не беше доволно да се надоместат загубите на светскиот пазар.

Главните причини за слабите резултати се посилната конкуренција, високите царини и неповолните валутни курсеви.

Особено болна точка за Мерцедес е Кина која со години беше најважен пазар и главен извор на приходи. Во Кина продажбата во минатата година е падната за околу 20 проценти, затоа што домашните кинески брендови стануваат се подоминантни, затоа што нудат поевтини и модерни решенија кои полека ги потискуваат европските гиганти.  

Слични новости

Британски Шел ја забележа најслабата квартална добивка во изминатите пет години поради ниските цени на нафтата

Вкупната заработувачка на Шел во 2025 изнесува 18,5 милијарди долари, што е значаен пад во однос на минатата година кога беше остварен профит од 23,7 милијарди долари.

Историски рекорд: Илон Маск стана првиот човек со богатство преку 800 милијарди долари

Американскиот бизнисмен Илон Маск стана прв човек во историјата чие богатство надминува 800 милијарди долари откако неговата фирма Спејс Икс ја купи неговата компанија за вештачка интелигенција ХАИ.