Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц денеска објави дека неговиот профит опадна од 10,4 милијарди евра во 2024 на 5,3 милијарди евра во 2025, што претставува намалување за речиси 50 насто.
Оперативниот профит на Мерцедес-Бенц пред каматите и даноците падна за 57 насто меѓугодишно, додека вкупниот приход од продажбата е понизок за 9 насто и изнесува 132,2 милијарди евра.
Компанијата се обиде да го ублажи ударот со заштедите од над 3 и пол милијарди евра во секторот на патнички автомобили, но тоа не беше доволно да се надоместат загубите на светскиот пазар.
Главните причини за слабите резултати се посилната конкуренција, високите царини и неповолните валутни курсеви.
Особено болна точка за Мерцедес е Кина која со години беше најважен пазар и главен извор на приходи. Во Кина продажбата во минатата година е падната за околу 20 проценти, затоа што домашните кинески брендови стануваат се подоминантни, затоа што нудат поевтини и модерни решенија кои полека ги потискуваат европските гиганти.
Слични новости
Европските берзански индекси во пад
Европските и американските берзански индекси денеска се во пад, додека берзите ги анализираат извештаите за добивките на големите компании и банките на крајот од неделата.
Крах на криптовалутите на берзите
Во четвртокот биткоинот падна за повеќе од 12% на под 64.000 долари ниво кое не е видено од октомври 2024 година. Други популарни криптовалути како Етер и Солана исто така се во пад. Солана, во моментов достигна најниска вредност за последните две години.
Профитот на Волво падна за драматични 68 насто во последниот квартал на 2025
Причините за драстичниот пад на профитот на компанијата се слабата побарувачка на пазарите и високите царини.