Раперот Кендрик Ламар ја предводи листата со номинации за престижната музичка награда Греми втора година по ред со дури девет номинации, по него следува Лејди Гага со седум, а кој ќе го однесе дома златниот грамофон ќе се знае на 1-ви февруари 2026 година.

Во категоријата албум на годината, конкуренцијата е исклучително силна: покрај „GNX“ на Ламар и албумот „MAYHEM“ на Гага, тука се и Бед Бани со „Debí Tirar Más Fotos“, Сабрина Карпентер со „Man’s Best Friend“ и Џастин Бибер со албумот „Swag“.

Бед Бани, музичар од Порторико кој ќе настапи на полувремето на Супербоул следната година, доби вкупно шест номинации, вклучувајќи ги оние за плоча, песна и албум на годината.

 

Во категоријата „Песна на годината“, која се доделува на текстописци, има два K-pop музички нумери: „Golden“ од саундтракот на филмот на Netflix „K-Pop Demon Hunters“ и „APT“ од Роуз и Бруно Марс.

„APT“ е номинирана и за албум на годината, награда што им се доделува на продуценти и изведувачи. На листата се и „Abracadabra“ на Лејди Гага, „Luther“ на Ламар и „DtMF“ на Бед Бани.

Во категоријата за најдобар нов изведувач, Оливија Дин, Леон Томас, Али Ворен, KATSEYE и други се номинирани за наградата.

Томас, R&B и соул музичар, е номиниран и за албум на годината за остварувањето „Mutt“.

Оваа година беа воведени две нови категории – најдобар традиционален кантри албум и најдобар албум со преработки.

Добитниците на Греми ги избираат околу 15.000 членови на Академијата за дискографска уметност. Добитниците ќе бидат објавени на церемонијата на доделување награди на црвениот тепих во Лос Анџелес на 1-ви февруари следната година.

globe

Слични новости

Претседателот Доналд Трамп ќе биде во улога на шоумен и домаќин на церемонијата на доделување на почесните награди во Кенеди центарот

Претседателот Доналд Трамп ќе биде во улога на шоумен и домаќин на церемонијата на доделување на почесните награди во Кенеди центарот

Сум ги гледал досегашните водители. Ако не можам да го надминам Џими Кимел во талентот, тогаш и не заслужувам да бидам претседател, изјави Трамп.

Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис

Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис

Секвелот на Блумхаус хорор филмот „Петте ноќи кај Фреди“ викендов заработи 63 милиони долари на кино благајните во САД, што е најдобро отварање на филм во викенд по празничниот продолжен викенд за Денот на благодарноста.