Цената на природниот гас во Европа денеска нагло поскапе за речиси 9 проценти, откако новите временски прогнози укажаа на долг период на ладно време во северозападниот дел на континетот.

Ова би можело дополнително да ја зголеми потрошувачката и да ги оптовари залихите кои се веќе под вообичаените сезонски нивоа.

Фјучерсите на гас на референтниот пазар за Европа холандската берза, за време на денешното тргување пораснаа за речиси 9 проценти на на повеќе од 96 евра за мегават-час, што е нивни најголем скок.

 

Слични новости

Европа со рекордна брзина ги троши залихите на гас

Европа со рекордна брзина ги троши залихите на гас

Европските складишта за гас влегоа во новата сезона на потрошувачка со историски ниска пополнетост од 74,9 насто, додека германските резерви изнесуваа само 61,6 насто, што претставува историски минимум.