Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од север, поврзан со Средоземниот циклон кој значително влијае на времето во Македонија, во следните три дена, односно до петок на повеќе места ќе донесе врнежи од снег, па така снежната покривка значително ќе се зголеми на планините и на Скијачките центри.
Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец. Поради ветерот особено на повисоките места и на планините, ќе има појава на снежни наноси, а на возачите им се препорачува да возат внимателно.
Во Скопскиот регион и понатаму ќе има повремени послаби врнежи од дожд и снег, а во повисоките делови од котлината, како и на околните планини само од снег. Мала снежна покривка можно е да се формира и во повисоките делови од котлината, а на околните планини таа ќе се зголеми.
Слични новости
Гаши: Собранието ќе го консултира Уставниот суд за да не згрешат ако ги разрешат членовите на Судски совет избрани од парламентот
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите истакна дека ќе се консултираат со Уставниот суд ако правни експерти сметаат дека е противуставно и противзаконски парламентот да ги разреши членовите на Судскиот совет кои се избрани од Собранието за правнички да не згрешиме
Сиљановска Давкова именуваше прв човек и членови на Комисијата за одликувања и признанија
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за одликувања и признанија.
Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на денарот е загарантирана, девизните резерви повисоки во споредба со пред пандемијата
. Идната монетарна политика ќе зависи од инфлацијата и од девизниот пазар. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за Македонската телевизија.