Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од север, поврзан со Средоземниот циклон кој значително влијае на времето во Македонија, во следните три дена, односно до петок на повеќе места ќе донесе врнежи од снег, па така снежната покривка значително ќе се зголеми на планините и на Скијачките центри.
Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец. Поради ветерот особено на повисоките места и на планините, ќе има појава на снежни наноси, а на возачите им се препорачува да возат внимателно.
Во Скопскиот регион и понатаму ќе има повремени послаби врнежи од дожд и снег, а во повисоките делови од котлината, како и на околните планини само од снег. Мала снежна покривка можно е да се формира и во повисоките делови од котлината, а на околните планини таа ќе се зголеми.
Слични новости
Католиците и дел од православните денеска го слават Раѓањето Христово – Божиќ, света литургија во католичката црква во Скопје
Традиционално, во државава централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божиќна полноќна света литургија.
ДУИ обвинува дека владата го заробува правосудството
Демократската унија за интеграција остро го осудува систематското заробување на институциите на правдата од оваа влада и конформизмот на одредени судии и обвинители кои се ставиле во служба на политиката.
Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено за 23. јануари, Кривичен ќе одлучува по барањето за амнестија
Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ е одложено за 23 јануари откако на денешното судење Јавното обвинителство дало мислење за примена на Законот за амнестија за обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристески и Трајко Вељановски, а истото не се однесува на обвинетиот Владимир Атанасовски.